На Богородица уапсен трикратниот убиец од Кавадарци - бил дел од полициските Алфи

Неколку часа по тројното убиство во Кавадарци, полицијата успеала да го приведе осомничениот, четириесетгодишен Т.С на граничниот премин Богородица.

Според неофицијалните информации на Вечер, се работи за поранешен вработен во Единицата за брза интервенција – Алфи

Четирисетгодишниот кавадарчанец во петокот се развел од сопругата. Денеска, додека таа била на работа ги убил нејзиниот татко, мајка и сестра ѝ, најверојатно во домот на сега починатите.

Во 16.00 часот во полициската страница во Кавадарци, Д.С. пријавила дека нејзиниот сопруг Тони Станоев (40) во куќата на нејзините родители во Кавадарци на улицата „Зелен Пазар", со пиштол ги усмртил нејзиниот татко Илија (61), мајка и Билјана (56) и сестра и Снежана Леови (33).

 

Сопружниците биле родители на две деца – едно девет, а другото седумгодишно.

09.11.2014 - 21:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега