МВР ги соопшти деталите за пожарот во Владата
Денеска околу 9 часот при изведување на градежни работи при поставување хидроизолација на кулата со број 4 на зградата на Владата дошло до запалување на фасадниот дел, информираат од МВР.
Пожарот е изгаснат од страна на противпожарните служби.
Инаку, пожарот утринава предизвика паника. Прво се видел бел дим а потоа и пламени јазици, при што биле евакуирани вработените.
Повеќе информации во текот на денот.
10.11.2014 - 10:20
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа