Албанците задоволни Македонците бесни - Заев ја размрда политичката сцена

Уште во прватаа недела во претседателското столче на Бихаќка, Зоран Заев почна да ја бранува македонската политичка бара. Една неумешна изјава дадена во дебатна емисија за Алсат, телевизијата која известува на Албански јазик, го стави новиот лидер на СДСМ на тапет. 
„Се обидовме во неколку наврати да играме на политики на патриотизмот како партија на која што не ни доликува таа политика. И тука апсолутно загубивме. Чесно е да признаеме, за да бараме шанса, секако, за во иднина да не правиме вакви грешки. Од нас народот не очекува да изигруваме патриоти, ние сме државотворната партија, ние сме партијата што беше пример за мултиетничкиот соживот, ние сме партијата што ја стави на стабилни нозе оваа наша земја, така што обидувајќи се да ќариме поени кај граѓаните играјќи на патриотски варијанти, ќе набројам неколку: Законот за бранители, Струга, Кичево, многу варијанти не ни доликуваат на нас, социјалдемократите“ – рече Заев 
Тој додаде дека е крајно време да се затворат некои болни прашања како што се пензиите за борците на ОНА и решавањето на статусот на бранителите.
Во оваа изјава здружението на бранители Бедем виде изедначување на македонските бранители со „терористите на ОНА“. Тие денеска остро реагираа против ваквиот став на Заев. Експресно стигна реакција од СДСМ. Партијата на Заев стандардно, сите што ги критикуваат нивните функционери ги етикетира како „испостави на ВМРО-ДПМНЕ“. Слично помина и здружението на бранители Бедем. 
Наспроти македонските здруженија, денеска Албанците не го криеја задоволството од ваквите ставови на новиот опозициски лидер. 
Лидерот на ДПА, Мендух Тачи го пофали Заев а проопозицискиот аналитичар, професорот Мерсел Биљали рече дека струмичкиот граодначалник е политичар на иднината.

најчитано сега