Автомобилите постари од 2000-та година ќе може да се возат

 

Автомобилите постари од 2000 година и натаму ќе останат на патиштата. Министерот за економија, Беким Незири денеска рече дека Владата не планира да ги повлече автомобилите со ЕУРО 2 стандард од патиштата на крајот од годината. Тој истакна дека пресметките покажале дека голем број граѓани имаат вакви автомобили и дека таков чекор ќе биде на штета на граѓаните, а Владата не сака да го дозволи тоа.
Незири рече дека за намалување на емисијата за штетни гасови сепак ќе се редуцира користењето на стари автомобили на улиците, но тоа ќе се одвива постепено.
Тој истакна дека прво ќе се почне со автомобилите со стандард ЕУРО 0, а потоа постепено ќе се оди кон редуцирање на возилата со стандард ЕУРО 1. 
Владата пред неколку недели информираше дека се размислува за воведување забрана за користење на возила кои не исполнуваат ЕУРО3 стандард. Тоа значи дека доколку вашиот авотмобил е постар од 2000 година, ќе морате да му вградите специјален катализатор кој ќе ги исполни ЕУРО 3 стандардите.

10.11.2014 - 12:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега