ЕУРО2 ќе може да се вози - постарите автомобили од 1997 година ќе имаат проблем

Возилата со ЕУРО 2 стандард ќе продолжат да возат низ улиците барем уште неколку години. По информацијата дека Владата откако дозволи увоз на возила со ЕУРО 2 стандард, сега  размислува да забрани нивно регистрирање, реагираше министерот за економија Беким Незири. Тој вели дека неговото министерство е против ваквиот предлог и дека ќе направи дополнителни анализи. Бидејќи се работи за 100 до 150 илјади возила, според него забраната за возење ќе има негативни финансиски ефекти врз голем број граѓани, а со тоа и врз вкупната економија.

-Мерката во прво време треба да ги опфати возилата со најлоши еколошки стандарди, односно со ЕУРО 0 и ЕУРО 1 стандард. Анализата на министерството за економија ќе биде доставена во Владата за две недели – вели Незири.

ЕУРИ 1 возилата се произведени пред 1997 година што значи дека постарите возила остануваат надвор од улиците. Нема инфорамција со која мерка се отсрануваат, дали целосно ќе им се забрани учество во сообраќајот или че се оди на задолжитенно вградување на катализатор.

Инаку, министерот за економија денеска информираше дека за повеќе од двојно догодина ќе се зголеми сумата за поддршка на конкурентноста, иновациите и претприемништвото од сегашните 190 илјади евра на 407 илјади евра. Најголем дел од парите или 145 илјади евра годинава добиле малите и средни претпријатија. Средства добиле 7 занаетчии за унапредување на производството, 6 фирми за сертификација на системи за квалитет според ИСО стандарди, две компании за обуки на вработените за ХАСАП системот, а на 12 фирми им биле покриени 70% од трошоците за воведување на ХАЛАЛ системот.  

10.11.2014 - 21:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега