МОН: Ќе продолжиме да ги поддржуваме општините

Владата на Република Македонија и Министерството за образование и наука остануваат силно посветени на унапредување на квалитетот на образовниот систем во земјата, како од аспект на воспитно образовниот процес, така и од аспект на инфраструктурните услови.

Сите досегашни, ветени и реализирани проекти, мерки и активности, кои не може да ги оспори ниту една политичка партија, како и поддршката од јавноста во тој дел, се мотив да продолжиме со нашите континуирани заложби во рамки на еден од клучните програмски приоритети.

 

Ќе продолжиме да ги поддржуваме единиците на локалните самоуправи и покрај тоа што образованието е децентрализиран процес. Особено со редовното и навремено исплаќање на блок дотациите, кои се дефинираат на почетокот на секоја година и чиишто износи, ќе продолжат да се зголемуваат зависно од буџетските можности.

(Интегрлен текст од писмено соопштение на Министерството за образоваие и наука)

10.11.2014 - 21:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега