„Сакаш ли и ти да помогнеш“ - како до поголема свест за опасноста од ракот

За зголемување на свесноста за ракот и превентивно и навремено делување, Здружението за борба против ракот „Борка“ и „Рамстор мол“ од денеска ќе почнат  хуманитарна кампања под слоганот „Сакаш ли и ти да помогнеш?

Секој вторник во наредните три недели во трговскиот центар ќе се одржуваат работилници, предавања и хуманитарни акции со цел подобро да ја запознаат јавноста со ракот на дојка, рак на матка и ракот на тестиси.

Покрај информативните пултови и хуманитарните кампањи, секој вторник со почеток во 16 часот ќе се одржува и работилница која ќе биде водена од Биба Додева, претседател на здружението „Борка“ и стручно-медицинско лице.

Маркетот и продавниците во трговскиот центар за оваа хуманитарна кампања ќе му донираат на здружението „Борка“ процент од продажбата. 

11.11.2014 - 09:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега