Друштвото на писатели со поетски портрет на Ристо Лазаров

Друштвото на писателите на Македонија денеска организира поетски портрет на Ристо Лазаров, по повод 65-годишниот животен јубилеј и 45 години творечка дејност на поетот.

За творечкиот опус на Лазаров ќе зборуваат академиците Георги Старделов, Влада Урошевиќ и Катица Ќулавкова, а песните ќе ги чита актерот Ѓорѓи Јолевски. 

Ристо Лазаров е автор на повеќе од 20 стихозбирки. Избрани дела од неговиот опус се објавени во четири тома. Добитник е на повеќе домашни книжевни признанија, меѓу кои на наградата „Ацо Шопов“ на Друштвото на писателите на Македонија и наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата.

Негови песни се застапени во сите антологии на новата македонска поезија, а посебни книги од неговото творештво се објавени во Русија, Австралија, Албанија, Србија, Англија, Словенија и во Чешка. 

11.11.2014 - 09:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега