Македонската економија ќе расте со посилно темпо

Монетарците по двонеделното скенирање на Македонија оценија дека економијата и годинава и наредната ќе расте со силно темпо. Вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески во разговор за МРТ вели дека мерките на Владата насочени кон подобро интегрирање на домашните фирми во ланецот на добавувачи на странските компании во зоните, можат да овозможат македонската економија да расте и со посилно темпо.

-Она што го констатиравме во денешните разговори и претходните денови со ММФ е дека мерките на Владата што почнавме да ги спроведуваме, а се насочени кон подобро интегрирање на домашните фирми во ланецот на добавувачи на странските компании во зоните, можат да овозможат македонската економија да расте и со посилно темпо, а и вкупниот ефект од странските инвестиции да биде поизразен. Иако сега тој е голем, скоро една милијарда евра е извозот на компаниите од зоните и вработување на околу 11 лјади луѓе, истакна Ставрески.

 Токму затоа е битно, додаде тој, македонските комапнии кои имаат потенцијал да снабдуваат вакви странски компании, да видиме каде треба да се подобри капацитетот на компанијата, да се сертифицираат производите или да се обезбедат финансиски средства да се купи некоја машина, опрема или слично, со цел да можеме што повеќе македонски фирми да снабдуваат за „Џонсон Мети“, „Џонсон Контролс“, за „Кемет Електроникс“, за сите други компании што работат во зоните и на тој начин и домашните фирми ќе имаат поголема корист.

 -Има потенцијал за тоа, во разговори сме со ИФЦ за да обезбедиме експери што ќе ни помогнат и на нас и на фирмите и верувам дека во текот 2015 година ќе го реализираме ова, односно ќе овозможиме одреден број на македонски фирми да имаат корист од работењето на странските компании во зоните, да остваруваат извоз за нив, односно да им продаваат производи, а преку тоа и извоз од Македонија на индиректен начин, потенцираше Ставрески.

Вицепремиерот истакна дека Буџетот е во добра кондиција и годинава ќе ја завршиме  согласно планирањата и на страна на приходите и на страна на расходите.

- Тоа овозможи да се рализираат сите предвидени проекти, што е една од клучните политики за остварување на повисок економски раст, инфраструктурните проекти се одвиваат со добра динамика и градбата на патиштата, зоните и на сите други инфраструктурни проекти помага оваа година да оствариме економски раст што е највисок во Европа. Втората компонента се компаниите кои работат во слободните зони, коишто извезуват и креираат работни места и како резултат на тоа македонската економија годинава е најдобра во Европа и очекувам и наредната година да имаме висока стапка на економски раст која ќе се движи некаде околу 4 проценти, образложи Ставрески.

За тоа дали се очекуваат нови инвестиции од САД Ставрески одговори дека очекува дел од компаниите  на кои им се прзентирани инвестициските можости на Македонија во следниот период да ја посетет земјата.

-Американската економија добро се развива, се опорави од кризата, има добар потенцијал, веќе ја знаат Македонија. Можностите што ги презентираме таму за инвестирање во Македонија им се допаѓаат на инвеститорите од апсект на квалитетна, добра работна сила, од аспект на ниски вкупни трошоци за фирмите, можноста да дојдат на европскиот пазар е атрактивна, рече тој.

Додаде дека тоа е првиот чекор за да дојде понатаму до развивање на нивната идеја, штом дојдат тука ние ќе им ги покажеме зоните, им помагаме да разберат какви се можностите за најмување на работници, за трошоците.

 -Верувам дека ќе успееме да донесеме нови американски компании, впрочем така работевме и со „Џонсон Контролс“ којшто отвори две компании во Македонија, „Кемет Електроникс“ којшто има компанија во Македонија и логистичаката поддршка ја пресели во Македонија. Американскиот пазар е еден од ние стратешки пазари што го таргетираме и затоа беше значајно ова роуд шоу и ќе продолжиме и во иднина со контакти со американските инвеститори, посочи Ставрески.

11.11.2014 - 12:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега