Статистика: Повеќе откупени и продадени земјоделски производи

Вредноста на вкупниот откуп и продажбата на земјоделски  производи во септември годинава изнесува 1.430.755.000 денари што претставува зголемување за 7,8 проценти во споредба со истиот месец лани, објави денеска Државниот завод за статистика. 

Вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е зголемена за 5,9 проценти, а  продажбата од сопственото производство на претпријатијата е зголемена за 10,6 проценти.

Зголемување на вредноста на откупените и продадените земјоделски производи се забележува кај житата, фуражните  растенија, грозјето, живината и јајцата, млекото, млечните производи и рибата, а намалување кај индустриските и градинарските растенија, овошјето, алкохолните пијалоци и добитокот, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. 

11.11.2014 - 12:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега