Интер-ресорската група го поддржа ФЗОМ за административното олеснување на боледувањата

Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) денеска доби поддршка од Интер-ресорската советодавна консултативна група за еднакви можности на жените и мажите за пристапот за административно олеснување за породилното боледување и боледувањата. 

- Ставот на Интер-ресорската советодавна консултативна група за еднакви можности на жените и мажите во врска со трите предложени варијанти на проектот „Побрза исплата на надоместоците“, е дека ја преферираат третата варијанти. Односно, го поддржуваат пристапот за административно олеснување, кој предвидува електронско поднесување на барањето за надоместок на плата, елиминирање на сите други дополнителни документи, предвидува законски измени за остварување на правото на надоместок за породилно и боледување, независно од судбината на фирмата во која се вработени (дали фирмата плаќа придонеси за здравствено осигурување), а од друга страна не го менува на системот на исплата на родителското отсуство, се наведува во соопштението од ФЗОМ. 

Интер-ресорската советодавна и консултативна група, стои во текстот, ги поздрави заложбите на ФЗОМ за забрзување на постапката за прилив на средствата на граѓаните во услови кога им се најпотребни и елиминирање на доцнењето на исплатите за боледување и родителско отсуство. 

Претставници на ФЗОМ денеска имаа средба со Интер-ресорската советодавна и консултативна група, на која ги презентираа трите предлози. Во оваа група членуваат претставници од владини институции како: Министерство за здравство, Министерство за труд и социјална политика, Генерален секретаријат, Министерство за надворешна политика, Министерство за земјоделство, Министерство за внатрешни работи, Министерство за транспорт, претставници од Синдикатот, од Сојузот на работодавачи, претставници од невладиниот сектор, независни експерти за родово право и меѓународни организации. Надлежноста на Интер-ресорската консултативна и советодавна група за еднакви можности на жените и мажите е да се грижи за интеграција на концептот за вклучување на родовите аспекти во секторските политики. 

11.11.2014 - 13:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега