Украинска компанија ќе вади бакар од валандовскиот рудник „Казандол“

Украинската фирма „Константиновски плант“ на почетокот на идната година ќе почне со површински коп на бакар од рудникот „Казандол“ кај Валандово, соопшти за МИА градоначалникот на Валандово, Николче Чурлиновски.

Влезот на украинската компанија, според Чурлиновска, за општина Валандово ќе значи раздвижување на економијата во наредните дваесетина години бидејќи истражувањата покажале дека кај Казандол има одлични количини бакар. 

Истражувањата на рудникот се комплетно завршени и во наредниот период компанијата и општината заедно ќе работат на уредување на патната и комуналната инфраструктура на локалитетот.

Украинската компанија доби концесии за истражување и експлоатација на руда од три локации во земјава. Нивната инвестиција се проценува на околу 200 милиони евра.

11.11.2014 - 14:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа