Библиотеката Јане Сандански свечено ги отвара вратите
Во општина Аеродром денеска свечено ќе биде отворена библиотеката „Јане Сандански“ која е целосно реновирана, сменета е електричната инсталација, опремена е со нови плици за книги, екрериерно и ентериерно е освежена и преуредена со нов мебел, прозорци, врати и радиаторски маски.
Реновирањето е дел од низата активности кои, со помош на Град Скопје, ги презема ЈП Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ , а следува по големите реноваторски активности и отворањето на Спомен собата на Миладиновци, набавување на најмодерна опрема за автоматско зачленување - Кобис, и издавањето на капиталното издание на Зборникот на Миладиновци на албански јазик.
На свеченото отворање на библиотеката ќе присуствува делегација на Град Скопје предводена од градоначалникот Коце Трајановски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа