Мизо на конференција на производители на автомобилски компоненти во Детроит

Глобалните трендови во автомобилскиот сектор, предвидувањата за следните три години, како и зголемената партиципација на производителите на компоненти во вкупната вредност на крајниот производ - автомобилот беа главниот фокус на Годишната конференција на производители на автомобилски компоненти – OESA Outlook Conference што се одржа во Детроит, САД, а на која учествуваа и директорот на ТИРЗ Виктор Мизо, генералниот конзул во Детроит Елена Зарковска и економскиот промотор во Чикаго Дејан Величков.

Македонија на конференцијата се претставува со промотивен штанд веќе трета година по ред. Штандот беше одлично посетен од голем број претставници на автомобилски компании кои најавија вклучување на Македонија во нивните анализи за нови локации во Европа. Македонската делегација оствари и директни средби со неколку компании со кои се во напредна фаза на преговори за донесување одлука за отворање на свои капацитети во Македонија во блиска иднина.

Конференцијата е во организација на Асоцијацијата на производители на автомобилски компоненти во САД, која е најголема и највлијателна организација за компаниите во автомобилскиот сектор. На конференцијата учествуваа повеќе од 700 директори и претставници на компании производители на компоненти како и претставници од најголемите светски производители на автомобили Џенерал Моторс, Форд, Тојота, Хонда, Крајслер, Фолксваген и Дајмлер.

12.11.2014 - 10:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега