Вистински кошмар за скопјанка: Насилници ја нападнале додека спиела во својата спална

 

Двајца маскирани разбојници вчера околу 10 минути по полноќ, преку покрив влегле во куќата на скопјанката С.Ц. и упаднале во спалната соба во која таа лежела.

Едниот разбојник ја фатил за устата, но С.Ц. успеала да го оттурне и почнала да вика за помош.  Повикот го слушнал нејзиниот син, 36 годишниот С.Ц. во соседната соба, излегол во претсобјето и започнал расправија и турканица со разбојниците. Сторителите ја отклучиле влезната врата со клучот кој стоел од внатрешната страна и со празни раце си заминале од станот.

Сторителите причиниле материјална штета од околу 2.000 денари. Од МВР информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на натрапниците.

најчитано сега