Василакис: Нема ништо ново да се каже за преговорите со името

Нови идеи ќе има во следниот период, сега во кој месец ќе се случи тоа, не знаеме. Можеби во иднина ќе излезе нешто, изјави грчкиот преговарач во спорот за името, Адамантиос Василакис по денешната средба во Њујорк.

Истакнувајќи дека нема што ново да се каже, Василакис ги информирал грчките новинари дека македонскиот амбасадор Васко Наумовски „во суштина ги повторил истите мисли што ги имаат во Скопје“.

Медијаторот на ОН во спорот за името Метју Нимиц вчера и денеска во Њујорк одржа нова рунда разговори со амбасадорите Наумовски и Василакис. По денешната заедничка средба, Нимиц истакна дека нема напредок во разговорите

12.11.2014 - 20:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега