ВИДЕО: На малата Тамара од Велес очајно и треба помош

Велешкото семејство Димовски не може да добие согласност за корекција на вградената шипка во‘рбетот на малата Тамара. Операцијата беше извршена на почетокот од годинава, но корекцијата не може да се изврши во Македонија поради недостаток на соодветна апаратура. Операцијата може да се изврши во Хрватска каде што чини 30.000 евра, но од Фондот на Димовски им било соопштено, дека истата може да се реализира и во нашата земја.

Димовски за операцијата на Тамара за сега добиле три опции за интервенции во странство.

Моменталното искривување на ‘рбетот кај Тамара е 80%, што е само 20% од доведување до траен инвалидитет. Левата нога на Тамара е за десетина сантиметри пониска, а според кажувањето на докторите таа веќе има изгубено педесет сантиметри во висината.

Според мајката на Тамара, до сега ниту еден доктор во Македонија не се нафатил да ја направи корекцијата која е потребна. За подобрување на состојбата на Тамара се потребни повеќе интервенции, но Димовски бараат  и брза реакција поради влошената состојба на нивното дете.

Велес ТВ online

12.11.2014 - 21:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа