Сметките за греење оваа есен пониски за 50%

Заштедата од топлото време е речиси 50% од сметките за струја или околу 2.000 денари месечно, бидејќи дневно за греење се трошат по околу 25 киловат-часови или околу 132 денари

Топлата есен им донесе заштеди на македонските граѓани, бидејќи речиси еден месец откако стартуваше официјалната грејна сезона во земјава, има солидни заштеди на семејства што се греат на струја, дрва или нафта.

Причина за тоа се високите температури кои не се карактеристични за овој дел од годинава. Значителен број од семејствата во изминатиов месец многу малку ги вклучуваа грејните тела. 

 

Ако се има предвид дека цената на електричната енергија изнесува 4,48 денари за потрошен киловат час и ако се знае дека за загревање на една просторија од дваесетина метри квадратни просечно се трошат по околу 2 киловат-часови електрична енергија, произлегува дека дневно за греење ќе се потрошат по околу 25 киловат-часови или околу 112 денари, со ДДВ се вкупно 132 денари за загревање или 4.100 денари месечно. Заштедата од топлото време како што е тоа годинава е речиси 50% од сметките за струја или околу 2.000 денари месечно . 

Целата анализа прочитајте ја на Вечер

12.11.2014 - 23:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега