Конференција за современа легислатива за подобрување на економскиот раст
На тема „Современа законска легислатива за подобрување на економскиот раст“ почнувајќи од денеска па до 15 ноември ќе се одржи конференција во Струга.
На отворањето на конференцијата предвидено е обраќање на директорката на Царинската управа на Република Македонија Наташа Радеска-Крстевска, на тема: „Царинската управа на Република Македонија како поддржувач и олеснувач на економските активности“.
Следните денови учество ќе земат и експерти од Народната банка на Република Македонија, Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување на Република Македонија, Министерството за финансии, Бирото за јавни набавки и од Агенцијата за супервизија на осигурување.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа