Двајца нови заменик-коодинатори на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ

Во Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ од денес, официјално назначени двајца нови заменици-координатори на Пратеничката група во Собранието на Република Македонија.

 

Како што дознаваме, на досега празните места за заменици координатори на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, се назначени пратениците Зоран Илиоски и Крсто Мукоски.

Имено, пратеникот Зоран Илиоски во Собранието на Република Македонија е актуелен претседател на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, како и член на Извршниот Комитет на партијата. Додека, пратеникот Крсто Мукоски, за кој впрочем ова е втор мандат како пратеник во Собранието на Република Македонија, по оној во периодот од 2008 - 2011 година, има и дополнителна функција во едно од работните тела на Собранието на Република Македонија како претседавач на Комисијата за финансирање и буџет.

Според ова, станува збор за пратеници со големо политичко искуство, но и одлично познавање на функционирањето  и работата на Собранието на Република Македонија, како и функционирањето, обврските и задачите на пратениците од

 

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Како заменици координатори на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, пратениците Илиоски и Мукоски, ќе имаат обврска да помагаат и да се грижат за секојдневните активности на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, нејзино  функционирање во Собранието на Република Македонија, за активностите и работните задачи на секој пратеник поединечно и Пратеничката група во целост, како и останати обврски и работни задачи во врска со работата на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија. 

13.11.2014 - 13:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега