Масовниот убиец Брејвик можел да биде запрен навреме

Името на норвешкиот масовен убиец Андерс Беринг Брејвик се наоѓало на масата на норвешката тајна полиција повеќе месеци пред тој да ги изврши терористичките напади во Осло, а имајќи го предвид тоа, Брејвик можел да биде запрен во планирањето и извршувањето на атентатот, смета шведскиот професор Вилхелм Агрел, експерт за разузнавачка анализа. 

Шведскиот професор во својата анлиза укажува на недостиг од широчина во следењето на активностите, при што во исто време предупредува дека и шведската тајна полиција би можела да направи иста грешка.

- Сите големи организации ги фаворизираат сопствените работни методи и притоа нештата кои се наоѓаат вон сликата за главната закана се сфаќаат како неинтересни и дополнително оптоварувачки за ресурсите кои се на располагање, вели професот Агрел за шведскиот весник „Дагенс нихетер“.

најчитано сега