ФОТО: Слаба посетеност на денешната геј парада во Скопје
Денешната геј парада во Скопје која се организираше под насловот Марш на толеранцијата помина со многу слаба посетеност. Освен организаторите, речи си никој од граѓаните не се придружи на маршот кој промовираше толеранција и бараше да се запре насилството.
“Сведоци сме дека изминативе години е зголемен бројот на кривичните дела од омраза. Сведоци сме дека е зголемена омразата кон сите оние кои по своите карактеристики се различни од мнозинството на населението во Република Македонија. Сведоци сме на тоа како се шири омрзата на преку социјалните медиуми и како е фокусирана по сите оние групи кои што не се по кеиф на владејачката структура. Денешниот ден го посветуваме на сите жртви кои што поради својата различност биле жртви на дела сторени од омраза. Сакаме да потсетиме дека РМ е земја која треба да се гордее поради своите различности - изјави Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет
____________________________________________________________________________