МПЦ ги покри трошоците за погребот на Иван

 

МПЦ и скопската Епархија ќе се погрижат за погребот на младиот Иван (16) кој вчера беше прегазен кај Католичка црква. Тие веќе исконтактирале со погребалното претпријатие кое ќе го изврши погребот.

Ова вечерва за media.mk го потврдиle извори од скопската епархија на Ариепископот Стефан.

Тие први одговорија на апелите на социјалните мрежи. Бараат дополнителен контакт за да се договорат за формалностите, бидејќи на наведениот број неможе да се добие слободен повик никако.

Претходно се прошири веста дека се потребни скормни донации да му помогнат на неговото семејство полесно да помине низ овој многу тежок период.

Неговиот погреб ќе биде утре, а неговите соученици, утре во 7:30 часот се собираат во ГУЦ Здравко Цветковски од каде секој ќе ги приложи прти кои успеал да ги собере како донација.

Сите оние кои сакаат да му помогнат на неговото семејство треба да отидат во скопската населба Трнодол, каде во близина на куќата на Иван има продавничка каде што има отворена кутија за донации.

За повеќе информации можете да му се јавите на Михаил, чиј телефонски број беше оставен как оконтакт на социјалните мрежи – 070/395-157.

 

 

17.11.2014 - 00:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега