Остри казни за учесниците во муслиманскиот заговор против англиската одбранбена лига

 

Шестмина британски муслимани денеска се осудени со остри затворски казни, за планираниот заговор за бомбашки напад врз учесниците на маршот на Англиската одбранбена лига (ЕДЛ), одржан во јуни минатата година, во англискиот град Дјузбери.

Сите шестмина се осудени, секој на по 19,5 години затвор, откако на судењето во април оваа година, тие признаа дека вооружени со бомби и пушки заминале за ова место во Западен Јоркшир за да извршат терористички напад, додека приврзениците на крајнодесничарската ЕДЛ протестираа против „преголемата исламизација“ на Англија.

Бомбашкиот напад не успеа само затоа што шестмината заговорници задоцнија за маршот. Кога групата стигнала во Дјузбери, учесниците на протестниот марш веќе се разотишле. Доколку успееше заговорот, тој ќе предизвикаше голем број убиени и повредени демонстрати и жители на градот.

Заговорот беше откриен сосема случајно, за време на враќањето на заговорниците од Дјузбери, при една рутинска проверка на документите за регистрација на нивното возило и за платеното задолжително осигурување. Кога полицајците од сообраќајната патрола побарале да го видат багажникот на возилото, во него ги откриле бомбите и пушките, па сите шестмина биле веднаш уапсени. 

најчитано сега