ВИДЕО: Му пукале во глава - ова се мажот и жената што го убија 33 годишниот маж во велешко

Секторот за внатрешни работи Велес во соработка со надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против две лица од село Горно Оризари поради основи за сомнение за сторено кривично дело „убиство“ и „помагање“ во извршување кривично дело убиство.
 По превземени низа оперативно тактички мерки и истражни дејствија во врска со пронајден машки леш со прострелна рана во пределот на главата на ден 11.04.2014 година, во текот на вчерашниот ден, односно 17.11.2014 година по претходно обезбедена наредба од надлежен суд, извршен е претрес во дом на три лица во село Горно Оризари и лишени се од слобода повеќе лица меѓу кои и сега пријавените. 
 При тоа, констатирано е дека на ден 24.03.2014 година во вечерните часови, првопријавениот во близина на бензинската пумпа на „Макпетрол“ лоцирана на излез од градот кај м.в. „Штипско Џаде“ во непосредна близина на разрушена куќа, со пиштол калибар 7.65мм со еден истрел во пределот на главата го застрелал Бајрам И.(33) од село Горно Оризари, по што го напуштил лице местото.
 Второпријавената која е сопруга на првопријавениот, знаела за извршеното убиство но му помагала да не биде откриен.

18.11.2014 - 12:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега