Детали за убиството во Велес: По 8 месци признал дека го убил

Велешката полиција  вчера уапси брачен пар од селото Горно Оризари кои се осомничени дека стојат зад убиството на велешанецот Бајро Ибрахимовиќ (33) чие тело беше најдено кон средината на април на излезот од градот, соопшти МВР. Нивниот идентитет засега не се открива а тие ќе одговараат за убиство односно за помагање.

Засега нема информации дали се изведени пред судија на претходна постапка и дали им е одреден притвор.  Како што информираат од локалната полиција осуммесечната истрага финиширала вчера кога доказите биле пресудни да се издаде претрес во домот на повеќе лица во селото Горно Оризари. Покрај пријавените приведени се уште неколкумина за кои полицијата се сомнева дека знаеле за убиството.  

Во разговорот со инспекторите осомничениот го признал убиството и појаснил дека го извршил на 24 март, во вечерните часови, кога го пресретнал Ибрахимовиќ кај местото викано "Штипско џаде" во близина на напуштена и разрушена куќа и го убил со еден истрел во главата од непосредна близина. телото на Ибрахимовиќ го сокрил во куќата каде и беше најдено давесетина дена подоцна.  Од велешката полиција нема информации дали е најдено оружјето со кое е извршено убиството и кои се мотивите.

Видеото од приведувањето погледнете го тука

18.11.2014 - 13:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега