ВМРО-ДПМНЕ ја фрли ракавицата: Заев ајде вади ја бомбата

Веќе подолг временски период опозицијата во нашата држава најавува некакви бомби, изненадувања, пумпа атмосфера и креира некоја лажна еуфорија за сопственото членство.

          Така, таа бомба, според нив, ќе треба за 3 дена да ја натера владата со наведната глава да се повлече, таа бомба задирала во меѓуетничките односи, и во којзнае уште што, таа бомба можела да наштети на државата, но сепак тие, иако не сакале, ќе ја активирале, таа бомба била многу опасна; па имаше и разни шпекулации што се содржи таа бомба, па нагаѓања, со цел кај јавноста да се создаде свесност и исчекување на темите кои опозицијата сака да ги наметне.

          Исто така, во целата таа нивна еуфорија, бевме прозивани ако сме биле чесни да побараме од нив да го објават тоа што го имаат.

          ВМРО-ДПМНЕ со ова соопштение до јавноста јавно го повикува лидерот на СДСМ г -динот Зоран Заев да објави  се што има да објави.

          ВМРО-ДПМНЕ е подготвена за сите можни сценарија, свесни за сопствените вредности и принципи, и водени од интересите на државата и нашите граѓани.

          ВМРО-ДПМНЕ никогаш досега, а ниту во иднина нема да подлегнува на притисоци и уцени, и вакви сценарија, без разлика од кого доаѓаат.

          Со уцени и притисоци и со непринципиелен и неодговорен пристап не се постигнува ништо, и ние тоа ќе го докажеме.

 

          ВМРО-ДПМНЕ останува посветен на програмските определби и ветувања кон граѓаните, а што се однесува до СДСМ може слободно да прави буквално како што сметаат дека треба, ние не веруваме дека тоа е начинот на кој се постигнува доверба кај граѓаните.

(Интегрален текст од писменио соопштение на ВМРО-ДПМНЕ)

18.11.2014 - 15:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа