Бишев: Приватниот сектор и извозот ќе го движат економскиот раст

Време е веќе растот да биде базиран на трошењето, на инвестициите на приватниот сектор и дека економската обнова што се случува во Европската Унија ќе биде позитивен поттик, смета првиот човек на Европската бизнис асоцијација и генерален директор на Шпаркасе банка, пренесува Лидер.

Европската бизнис асоцијација на едно место ги собра домашните и странските компании- кој е предизвикот, може ли да произлезат нови бизнис соработки?

Од панел дискусиите произлегува дека искуството е позитивно и дека сите инвеститори не само што ја препорачуваат Република Македонија како дестинација за инвестирање, туку ги изнесоа нивните планови за понатамошен раст и развој. Тоа значи дека сите тие ја третираат Македонија како дестинација на долг рок каде што планираат да прават бизнис. Од тој аспект може да очекуваме дека нивните инвестиции ќе се рашират низ целата економија, низ малите и средни компании, а заедно со останатите иновативни идеи на приватните претприемачи е нешто што ќе ја движи македонската економија како на патеката на растот, така и на патеката на поцврста економска интеграција кон Европската унија.

Ќе стигне ли македонската економија годинава до 3,5% раст, како што прогнозира и македонската Влада и меѓународните финансиски институции?

Дефинитивно тука има консензус околу тоа. Време е веќе растот да биде базиран на трошењето, на инвестициите на приватниот сектор и дека економската обнова што се случува во Европската Унија ќе биде позитивен поттик, па комбинацијата на економскиот раст да биде повеќе водена од приватниот сектор и од извозот, што е особено важно за мала и отворена економија.

Бизнисмените велат дека деловната клима е добра, но недостасуваат свежи пари. Според Вас, пред сѐ како банкар- се делат ли кредити за добрите компании?

Тоа е прашањето кое е присутно во сите земји во светот- значи банкарите по право се секојпат виновни, значи прво кога тие даваа кредити со ниски ризици и ниски стандарди, кога се случи кризата, беше затоа што многу лесно се доаѓало до кредит. Потоа, кога се случи кризата, банкарите беа обвинети дека се тие извор за преголемиот кредитен раст, па тие станаа преконзервативни. Најверојатно, вистината е во средината. Банкарите мора ефективно да ги ценат ризиците кога одобруваат кредити, односно дали компанијата има капацитет да генерира дополнителен приход со којшто ќе ги враќаат кредитите. Доколку банкарите успешно ја вршат таа задача, а тоа значи и дека компаниите имаат аргументи да ги убедат банките- тогаш пристапот до финансиските средства ќе биде доста лесен. Многу е битно компаниите и банките да го зборуваат истиот јазик и да бидат иновативни во наоѓањето на проекти коишто се извозно ориентирани и профитабилни.

 

 

Оцени ја веста

19.11.2014 - 09:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега