Пукање во Богданци

Пукотници го разбудија Богданци. Според податоците од полицијата, 44-годишниот Ѓ.Д. од Богданци пред неколку денови во кафеаната „Парк“ без причина почнал да го навредува, а потоа и физички нападнал лице од Богданци, удирајќи го во пределот на главата. По ова, разбеснетиот насилник излегол од кафеаната, а потоа повторно се вратил и од пиштол  испукал еден куршум. Откако полициски службеници отишле пред неговиот дом да го повикаат на разговор, пријавениот им упатувал закани, по што се обидел да удри еден од полициските службеници.

 

 

Оцени ја веста

19.11.2014 - 12:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега