Околу 800 земјоделци во Тиквешијата поднеле барање за легализација на користење државно земјиште

 

Околу 800 земјоделци од кавадаречко и росоманско поднесоа барање за легализација на користење на државното земјоделското земјиште на кое во изминатиот период имаа посадено долгогодишни култури, информираше денеска Зоран Шалев, раководител на поддрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Кавадарци.

- Договорите за легализација се веќе изготвени и достапни во подрачната единица. Земјоделците сега само треба да дојдат во рок од една седмица  и да ги потпишат договорите. Доколку го пропуштат рокот за потпишување, потоа ќе треба да одат во министерството во Скопје и да прават дополнителен трошок, но и да губат време, соопшти Шалев.

Тој изрази задоволство од големиот интерес кај кавадарчани и росоманци за легализирање на користењето на државно земјоделско земјиште.

 

 

Оцени ја веста

19.11.2014 - 12:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега