Градоначлничката војна Жерновски и Јакимовски ја продолжуваат на суд

Жерновски ја смени тактиката. До сега само се жалеше, а од сега, реши да тужи. Лидерот на ЛДП и градоначалник на општина Центар, најави тужба за клевета против градоначлникот на Карпош, Стевчо Јакимовски

„Во врска со објавеното интервју на Г-дин Стевчо Јакимовски, во дневниот весник „Вечер“ на ден  18.11.2014 година, под наслов:„Жерновски ноќе плаче по амбасади – дење прави инциденти!“, најавувам дека, после повеќе изречени навреди и клевети на разни начини и во разни прилики на кои не сакав да одговорам, препишувајќи го сето тоа на стилот и начинот на кој Г-дин Јакимовски се пресметува со сите кои не мислат и не дејствуваат како него, овој пат ќе поднесам тужба пред надлежниот суд, со која ќе барам да се утврди неговата одговорност за клевета и навреда, согласно на одредбите од Законот за граѓанска одговорност, за изјавените  клевети, навреди и инсинуации во споменатото интревју, со цел, односно со намера да наштети на мојата чест и углед како личност, градоначалник  и како претседател на политичка партија“ - стои во соопштението на Жерновски кое го пренесуваат медиумите на СОРОС.

Интересно е што токму кадар од листата за советници во општината каде градоначлник е Жерновски лажно се претставуваше како новинар на весникот Вечер за да снима на седницата на општинскиот совет.

 

 

Оцени ја веста

19.11.2014 - 13:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега