Тројца Македонци се искачија на подиумот на мотокрос трките во Србија

Најмладиот наш претставник, 9-годишниот Лука Ристевски одлично се снајде во класата МХ65 и оствари уште една меѓународна победа. Во двете возења тој беше убедливо побрз од домашните натпреварувачи Миодраг Станојевиќ и Милиќ Зимоњиќ.

Во класата МХ85 стартуваа двајца Македонци: Андријан Ристевски и Христиан Станковиќ.

Најдобар во оваа конкуренција беше Виктор Ивановиќ од Црна Гора, втор заврши Ристевски, а трет Станковиќ.

ФОТО:Автоплус

 

најчитано сега