Обид за убиство во Кичево

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“ полициската станица од Кичево поднесе пријава против 22-годишниот С.А. од Кичево, а на истиот му е одреден 30 дневен притвор, по што е испратен во казнено-поправната установа во Тетово.

На 18-ти овој месец околу 17 часот на улицата „Маршал Тито“ во Кичево во близина на џамијата во кичевската населба „Бела кула“ пријавениот се обидел да го убие 19-годишниот С.Ф. нанесувајќи му со остар предмет две убодни рани во пределот на грбот по што избегал од местото на настанот и го оставил повредениот.

Набрзо на повредениот С.Ф. укажана му е медицинска помош во општата болница во Кичево а С.А. со брза интервенција на полициските службеници е пронајден.

 

 

 

Оцени ја веста

20.11.2014 - 10:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега