Скојанец направил голем грев за 30.000 денари

Полицијата поднесе кривична пријава против Т.Д.(33) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил  четири кривични дела „тешка кражба“ од цркви и манастири на подрачјето на општина Пробиштип.

Пријавениот во периодот од почетокот на јуни до крајот на септември 2014 со употреба на физичка сила насилно, извршил серија на тешки кражби  од цркви и манастири на различни локации во пробиштипски села.

 

При кражбите, Т.Д. одзел пари и други предмети со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 35.100 денари.

 

 

Оцени ја веста

20.11.2014 - 11:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега