Поплавите во Германија зафатија нови области

Опасноста од поплави во централните и северните делови на Германија не се намалува, а закана постои и за историскиот центар на градот Лауенбург, во провинцијата Шлезвиг-Холштајн, чии жители се веќе евакуирани.

Според информации од кризниот штаб, нивото на реката Елба денеска во овој реон изнесувало 9,18 метри и полека продолжува да се зголемува. Се очекува в четврток во близина на гратчето Хонсторф нивото на реката да достигне до 10,15 метри.

Германската канцеларка Ангела Меркел подготвува обиколка на земјата, со цел одблизу да се запознае со настанатата ситуација.

најчитано сега