Куманово: Не сакале да им позајмат алат па се пресметале со палки

Вчера во 14:30 часот, 17 годишниот кумановчанец А.Љ. отишол во работилницата на Џ.Љ.(52) за да побара акумулатор и алат за работа, но, синовите на Џ.Љ., Г.Љ. и Р.Љ. одлучиле да не му го дадат алатот. Изреволтираниот малолетник, по кратко време се вратил во работилницата заедно со неговиот чичко Р.Љ. (34)) и неговите браќа Е.Љ.(42) и Џ.Љ.(39) и започнале вербална и физичка пресметка со сопствениците на работилницата. Насилниците употребиле и дрвена палка со која му ја скршиле раката на Г.Љ.

Од МВР информираат дека на Г.Љ. му е укажана лекарска помош во кумановскиот Медицински центар. И останатите учесници во тепачката заработиле полесни повреди и побарале лекарска помош.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.