Шестчлено семејство заробено во пламените јазици - детали за пожарот во Чаир

Пожарот, кој избувна денеска во зграда на улицата „Цветан Димов“ во скопската населба Чаир и зафати најмалку четири стана, е изгаснат.

Според првичните информации, избувнал во испоставата, односно помошните скали на петтиот кат од висококатницата и се ширел нагоре поради што едно шестчлено семејство било заробено во стан на деветтиот кат.

Пожарникарите успеале да спречат проширување во становите, но најголемиот предизвик било шестчленото семејство кое немало никакви можности да се евакуира на време. Сепак, со помош на пожарникарите и на полицијата сите успеале да се спасат.

По пријавата во противпожарната бригада на лице место излегле 54 пожарникари со 15 противпожарни возила кои освен со пожарот морале да се справат и со отежнатиот пристап по противпожарните скали кои биле запоседнати од станарите.

 

 

Оцени ја веста

21.11.2014 - 14:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега