„Ми го убија детето нека изгнијат во затвор" - мајката на тригодишната Мевљана скршена од болка

Од судот ќе барам убијците на мојата ќерка да бидат во затвор додека се живи. Со овие зборови Садие Саитова им се обрати на новинарите вчера на судењето за убиството на својата тригодишна ќерка Мевљана која беше претепана до смрт од соседите во текот на месец март годинава. Таа со солзи во очите побара да бидат осудени на доживотен затвор двајцата соседи на кои им верувала и им ги оставала децата да и ги чуваат додека одела на работа.

Судењето се одложи бидејќи адвокатката на двајцата обвинети не го исполнува условот според новиот Зкп дека треба да има најмалку 5 годишно работно искуство како адвокат за да може да застапува клиенти обвинети за кривични дела за кои е предвидена најмалку 10 годишна казна затвор. До следното рочиште ќе треба да ангажираат нов бранител. 

Според она што беше кажано во судница Џемаил Браими е во притвор со привремен престој во државава и е апатрид односно нема никакво државјанство, неосудуван и е татко на 4 деца.

Последното го добил пред две недели и затоа невенчаната сопруга Јасмина Махмут која е второобвинета се брани од слобода. Но не смее да ги гледа и да контактира со 3 малолетни деца кои се сместени во згрижувачко семејство бидејќи судот кој и определи мерки на претпазливост (забрана да го посетува местото каде што живее згрижувачкото семејство, забрана да воспоставува контакт со децата и забрана за напуштање на живеалиште).

Според обвинението повеќе пати го удирале 3 годишното девојче со тупаници, клоци и кабел по целото тело со што му нанеле поголем број на повреди. Од повредите настапил трауматски шок кој довел до престанок на важно-виталните органи и настапила смрт.

Како што првично објавија надлежните причина за безмилосното тепање била тоа што девојчето измокрило на теписонот кај соседите.

 

 

Оцени ја веста

22.11.2014 - 11:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега