Проверете дали утре ќе останете без вода
Дел од корисниците од улиците „Партение Зографски“, „Црниче“, и „Димитар Беровски“, како и високата зона на улицата „50-та Дивизија“ и МВР утре од 9 часот ќе немаат вода за пиење.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во водоснабдувањето е промена на шибер со пречник од 150 милиметри на крстосницата меѓу улиците „Партение Зоографски“ и „Црниче“.
Прекинот во водоснабдувањето ќе трае се до санирање на дефектот.
Оцени ја веста
22.11.2014 - 15:32
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа