Навивач повреден на стадионот на ФК „Шкупи"

За време на фудбалски натпревар навивач од запалување на пиротехнички средства се здобил со повреда на левото око.

Натпреварот се одиграл во нас.Чаир - Скопје на Стадион на ФК „Шкупи 1927“ помеѓу фудбалските  екипите на ФК „Шкупи 1927“ и ФК „Младост“ с.Царев Двор – Ресен, на кој присуствувале околу 1500 посетители, при што навивачката група „Шверцери“ го прославиле нивниот јубилеј во знак на 25 годишнина од нивното формирање.

Во 25-та минута од натпреварот во знак на прославување, навивачите „Шверцери“ запалиле неколку пиротехнички средства, при што со повреда на левото око се здобил Ф.Е.(11) од Скопје, кој со возило на ИМП бил однесен во КЦ - Клиника за Педијатрија, каде му е укажана лекарска помош и е пуштен на домашно лекување.

Фудбалскиот натпревар е целосно видео и фото документиран. Од страна на ПС-Бит Пазар ќе бидат превземени мерки по основ на ЗППЈРМ и Законот за насилно и недостојно однесување на спортски натпревари.

 

 

Оцени ја веста

23.11.2014 - 14:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега