Дошле да му помогнат ги избодел со нож - детали за обидот за убиство во скопски Аеродром

Ноќното џогирање ги одведе во болница. Две момчиња од скопската населба Аеродром вчера беа прободени со нож во скопско Ново Лисиче. Тие околу 1 часот по полноќ излелге да џогираат и движејќи се по булеварот Видое Смилевски Бато сакале да стигнат до кејот на Вардар. 
Во тој момент, пред една од зградите забележале момче како лежи на плочникот и повраќа. Застанале со намера да видат што се случува и да му помогнат. Се претопставува дека момчето бил под дејство на алкохол. Кога се доближиле и го прашале како да му помогнат, тој станал, извадил нож и ги прободел.
Едно од момчињата било погодено во артерија и изгубило многу крв. Другото момче поминало со полесни повреди.

 

 

Оцени ја веста

23.11.2014 - 14:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега