Ставен е на апарати за дишење - детали за здравствената состојба на прободеното момче во скопски Аеродром

Тешка е здравствената состојба на 23 годишното момче кое ноќеска беше прободено со нож во скопски Аеродром.
Според последните информации, момчето се наоѓа на интензивна нега во КАРИЛ и е приклучено на апарати за дишење поради големото количество на изгубена крв. Убодот завршил во една од главните артерии и само брзата интервенција на лекарите го спасила да искрвари до смрт. Веднаш бил реанимиран и според последните информации по осум часовната операција, неговата состојба е стабилна.
Второто момче има полесна повреда во вид на исекотина на едната потколеница. Се наоѓа во Клиниката за пластична хирургија каде му е санирана повредата.

 

Двете момчиња вчера беа прободени со нож во скопската општина Аеродром кога се обиделе дам у помогнат на момче кое повраќало.

Полицијата тага по напаѓачот.

 

 

Оцени ја веста

23.11.2014 - 14:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега