Крв на патиштата - 17 сообраќајки за три дена

Во период од само три дена на подрачјето на главниот град Скопје се регистртирани 17 сообраќајки. Само девет се случиле во петокот, во кои од три завршиле со последици материјална штета и пет со последица на телесни повреди, во кои со полесни се здобиле тројца возачи на патничко моторно возило, двајца пешаци и еден велосипедист. 

Со тешка телесна повреда, се здобил и еден патник во автобус. 

Регистрирани се и четири незгоди со мала материјална штета во кои е пополнет Европскиот извештај за случена сообраќајка.

Во саботата извршен е увид на вкупно четири сообраќајни незгоди. Од нив, една е со последица материјална штета и една со последица телесна повреда во која со полесни повреди се здобил еден сопатник.

Случени се и две незгоди со последица тешки телесни повреди во кои со тешки телесни повреди се здобиле двајца пешаци.

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, случени се уште пет незгоди со мала материјална штета во кои е пополнет Европскиот извештај за случена сообраќајна незгода. 

Вчера извршен е увид на вкупно четири сообраќајни незгоди со материјални последици.

Случена е и една незгода со мала материјална штета во која што е пополнет Европскиот извештај за случена сообраќајна незгода.

Во текот на викендот од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 45 возачи кои ги управувале возилата под дејство на алкохол кои се исклучени од сообраќај, 24 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, од нив 10 возачи со возилото се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место, двајца возачи не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, пет возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, како и 42 возачи кои не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управувањето на возилото.

Со помош на специјалното возило „пајак“ од страна на сообраќајната полиција отстранети се 44 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

 

 

Оцени ја веста

24.11.2014 - 09:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега