Детали за криминалот на Петрески: Градоначлникот на Охрид свртел неверојатни 30 милиони евра

 

Поранешниот градоначалник на Охрид, Александар Петрески, се наоѓа во притвор. Осум години доставувал лажни фалсификувани годишни сметки за да прикаже дека градот не бил во загуба.

-Петрески исто така оштетил 86 доверители откако сметководството на општината не ги евидентирало и не ги прокнижило нивните побарувања. Ова е само дел од кривичната пријава, напишана на повеќе од 300 страници, во која детаљно е објаснет криминалот на криминалната група, кои незаконски си исплатиле околу 30 милиони евра како наплата на долгови од Општината, иако сметката била блокирана, и ги повластиле во однос на другите доверители. Освен тоа, со криминални зделки го оштетиле буџетот за 800.000 евра, а незаконски се збогатиле за над 2,4 милиона евра. Со малверзациите осомничените легализирале имот и испрале пари во вредност од над 260.000 евра, пренесува Дневник.

Според кривичната пријава, Петрески како градоначалник располагал и со парите на општина Охрид, иако знаел дека од април 2005 година банкарската сметка на општината била блокирана и не можела да си ги наплати обврските. Но и покрај тоа, Петрески од април 2005 година до април 2013 година пренасочил дел од побарувањата со вкупно 1.926 договори за цесии, компензации и асигнации и извршил исплата во вкупна вредност од 1.765.590.971 денари или околу 29 милиони евра.

-На овој начин, градоначалникот ги оштетил доверителите и со тоа ја блокирал сметката на општината за 724.055.213 денари или за околу 12 милиони евра. За да прикаже дека Охрид нема долгови, Петрески им издавал наредби на вработените побарувањата на 86 доверителите да не ги евидентираат во сметководството, со што ги оштетил доверителите за вкупно 853.354.057 денари, поради што не можеле да си ги наплатат побарувањата, пишува весникот.

Истрагата утврдила дека Петрески лажно изготвил и потпишал завршни сметки за осум години, односно од 2005 до 2012 година и ги поднел до Централниот регистар, до Државниот завод за ревизија и до Министерството за финансии – сектор трезор.

Со лажните податоци сакал да прикаже дека општината Охрид имала мала задолженост.

-Петрески како организатор на криминалната група, со своите блиски соработници на штета на буџетот на Општината, склучил 12 договори за јавни набавки иако обврските за распишаните набавки никогаш не биле извршени. Во овие услуги, кои никогаш не биле завршени, биле вклучени и пријавените Зоран Шикалоски, раководител на одделението за сообраќај и патишта во Општина Охрид, Емин Селман, раководител на одделението за комунални дејности, Гоце Симоновски, раководител на секторот за туризам и локален економски развој.
Најголем број од злоупотребите поврзани со јавните набавки биле поврзани со друштвото „Ина трејд Лоте“, чиј основач и управител е пријавениот Јован Лотески, образложи Дневник.

Меѓу другите кривични дела на криминалната група на Петрески се набројуваат и криминалот со штетни договори за набавка и вградување улични рабници, набавка на услуги за превоз, набавка за хоризонтална сигнализација, кои исто така не биле предвидени со договор за јавна набавка, за перење пари, за фиктивни презентации на саеми.

Повеќе детали за тоа како со мито, Петрески си го доградил и реновирал станот, прочитајте на Дневник

 

 

Оцени ја веста

24.11.2014 - 11:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега