Литванија ќе испорача воена помош на украинската армија
Литванија ќе обезбеди одредена воена помош на украинските вооружени сили, за да ги помогне во борбата против проруските сепаратисти во источниот дел на земјата, изјави денеска украинскиот претседател Петро Порошенко.
- Се договоривме за испораки на конкретни елементи од конкретно вооружување за украинските вооружени сили, рече Порошенко по разговори со литванската колешка Далија Грибаускаите.
- Тоа е реална помош, рече тој. Тој не прецизираше за какво оружје станува збор.
Грибаускаите го потврди договарањето на воена соработка.
- Литванија е подготвена да го сподели искуството во сите области, вклучувајќи ја и воената, додаде литванската претседателка.
Литванија и предложи на Украина да организираат заеднички воени вежби и да го завршат формирањето на литванско-украинска-полска бригада, соопштија од литванската прес-служба на претседателот.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа