Тинејџер заврши во притвор- малтретирал малолетници и им крадел телефони

Полицијата поднесе кривична пријава против И.Л.(18) од Скопје за сторени кривични дела „разбојничка кражба“ и „разбојништво“.

 

Пред еден месец околу 13,30 часот на ул. „Димитрија Чуповски“ во скопската населба Центар, во автобус на ЈСП број 22 пријавениот му одзел мобилен телефон на малолетник и му рекол дека ќе му го врати по излегувањето од автобусот. Откако се симнале од автобусот пријавениот побарал од оштетениот пари за да му го врати мобилниот телефон, но откако малолетникот одбил пријавениот физички го нападнал одземајќи му го блузонот кој го носел во раце.

 

Исто така на 07.11.2014 година околу 17,15 часот на истата улица на автобуската постојка Рекорд со употреба на физичка сила и закана со боксирач му одзел мобилен телефон на друг малолетник.

 

Од страна на судија од претходна постапка на пријавениот му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена.

 

 

Оцени ја веста

24.11.2014 - 14:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега