ЕКОНОМСКИ БРОЈКИ: За оние кои го чекаат економскиот колапс погледнете само што се случува во Европа

Ако нестрпливо го очекувате доаѓањето на „економскиот колапс“, само отворете ги очите и погледнете што се случува во Европа. Целиот континент е во еден џиновски економски неред, а невработеноста ги руши сите рекорди.

Невработеноста и сиромаштијата поставуваат рекорди во низа, продажбата на автомобили достигна рекордно ниско ниво, а тука се и морете од лоши кредити. Во текот на изминатите неколку години, најмногу внимание било насочено кон економските борби во Грција, Шпанија и Португалија, и без сомнение работите и понатаму стануваат уште полоши во тие земји. Но, во 2014 и 2015 година, Италија и Франција ќе почнат да се појавуваат во центарот на вниманието што се однесува до распадот на економијата.

Франција има петта по големина економија во светот, а Италија е на деветтото место, и во овој момент и двете рапидно се распаѓаат на парчиња. Се очекува Франција и Италија да ги исполнат големите наслови во новини до крајот на 2014 година.

Отсекогаш тврдев дека следниот голем бран на економски колапс ќе почне во Европа, а тоа всушност е она што се случува. Еве неколку статистички податоци кои покажуваат дека „економскиот колапс“ е она што во моментов се случува во овој момент...

Стапката на невработеност во еврозоната стагнираше на рекордно ниво од 12,1%

Италија – стапката на невработеност достигна до 41,6%

Различноста во социјалните класи е највисоко од кога било

Голем број на аналитичари очекуваат големи економски проблеми во Италија во текот на следните неколку години. Претседателот отворено предупредува на „раширената општествена напнатост и немири во својата земја во 2014 година.

Долгот на Италија во БДП ќе надмине над 140% до 2016 година.

Долгот на Грција во БДП ќе надмине над 200% до 2016 година.

Стапканата на невработеност во Грција ќе достигне до 32% во 2015 година.

Стапката на невработеност во Шпанија засега стагнира на рекордно ниво од 26,7%.

Стапката на невработеност меѓу младите во Шпанија сега е на 57,7%, повисока и од Грција.

Лошите кредити во Шпанија растат веќе осум последователни месеци по ред, а  неодамна достигнаа рекорд од 13%.

Бројот на хипотекарни пријави за кредит во Шпанија паднаа за 90%, од разни стамбени хипотеки.

Стапката на невработеност во Франција веќе трета година по ред скокна на ново највисоко ниво во последните 16 години.

За 2013 година, продажбата на возила во Европа достигна темпо на најниско годишно ниво некогаш забележано.

Дојче Банк веројатно најважната банка во Германија, напрофитабилна во Европа (полуга од 60:1), а тоа е околу 70 трилиони долари во вредност на изложени деривати

 

Европа доживува вистинска економска ноќна мора, а допрва работите ќе се влошуваат.

 

 

Оцени ја веста

24.11.2014 - 14:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега