Две илјади евра или снимката оди кај сопругот - ресенчанка преживеала хорор

Полицијата во Ресен поднесе кривични пријави против две лица кои се осомничени дека уценувале девојка од градот и и зеле две илјади евра за да не ја објават видеоснимката со компромитирачка содржина.

Станува збор за Г.Т. (33) и Б.О. (45), а засега нема информации дали судија на претходна постапка им одредил притвор.

Според локалната полиција, тие биле пријавени минатата недела, во четвртокот, кога се обиделе да изнудат уште пари од жртвата, која фатена во тесно се одлучила да ги пријави. Таа веднаш добила обележани евра и инструкции, како и каде да ја договори средбата и тие уште истиот ден се уапсени.
Жртвата изјавила дека минатиот месец Г.Т. ја пресретнал во близина на работното место и заканувајќи и се дека ќе ги повреди нејзините дечиња, ја натерал да влезе во автомобилот на неговиот партнер. Ја однеле на место кое не можела да го препознае, а според нејзиниот исказ, потоа не се сеќава што се случило во автомобилот.

Две недели подоцна Г.Т. се појавил кај неа на работа и и ја покажал снимката од автомобилот. Заканувајќи и се дека ќе ја стави на Интернет и дека ќе му ја даде на сопругот и побарал две илјади евра. Таа позајмила и веднаш му ги дала парите, но тогаш пораснал и апетитот на уценувачи, па повторно и побарале пари. Нивната лакомост ја однела жртвата кај полициските инспектори, кои потоа ги фатиле со обележаните пари.

 

 

Оцени ја веста

24.11.2014 - 17:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега