Војникот се степал со синот на убиените родители - тој му ја одзел пушката по убиството

Нови детали се откриваат по тројното грозоморно убиство во пробиштипско Злетово за кое како извршител е осомничен професионалниот војник, 40-годишниот Драган М

Курир јавува дека веднаш по убиството на 51-годишниот Методи Д. и сопружниците Илија М. (65) и Јана М. (63), родители на сопругата на осомничениот, тој заминал дома.

Во неговиот дом влегол со автоматска службена пушка со која најверојатно ги извршил убиствата. Таму ги затекнал неговата сопруга и нејзиниот брат, по што започнала вербална расправија која преминала во тепачка. Во тепачката шурата му ја одзел автоматската пушка на Драган, по што тој заминал. Според неофицијалните информации Драган со автомобил се оддалечил во непознат правец.

Како што веќе објавивме Драган за време на извршување на тројното убиство бил на службна должност. Имено, тој на негово име не поседувал никакво оружје.

Случајот во полиција го пријавила неговата сопруга откако слушнала пукотници во куќата на нејзините родители која се наоѓала во близина.

Полицијата со засилени мерки работи на негово пронаоѓање.

 

 

 

 

Оцени ја веста

25.11.2014 - 12:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега