АРМ се огласи по тројното убиство: Манаилов беше примерен војник

АРМ потврди дека осомничениот за тројното убиство во Злетово е професионален војник кој бил на служба. 

„Во оваа прилика МО и ГШ на АРМ остро го осудуваат чинот на тројното убиство, заради штоим даваат целосна поддршка и асистенција на органите на МВР, со цел за што побрзо расветлување на причините и околностите, поради кои се случи трагичниот настан во Злетово“ - стои во соопштението на полицијата.

Од АРМ велат дека војникот редовно бил психички тестиран и дека кај него била утврдена добра здравствена и психофизичка состојба.

 

„Во досегашниот период, од претпоставените старешини и во системот на командување и контрола во АРМ, не е регистринано кршење на воената дисциплина, ниту непочитување на правилата и прописите од страна на осомничениот професионален војник.“ - велат од АРМ

Војникот Драганчо Манаилов утрово о службениот калашников ги уби родителите на неговата сопруга и уште едно лице

 

 

Оцени ја веста

25.11.2014 - 12:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега